Езра 4:1-24

4  Кога противниците+ на Јуда и на Венијамин слушнаа дека повратниците од изгнанство+ му градат храм на Јехова, Богот на Израел,  веднаш им пристапија на Зоровавел+ и на поглаварите+ на родови и им рекоа: „И ние сакаме да градиме со вас,+ зашто, како и вие, го бараме вашиот Бог+ и нему му принесуваме жртви од времето на Есар-Адон,+ асирскиот цар, кој нѐ доведе тука“.+  Но Зоровавел, Исус+ и останатите поглавари+ на родовите на Израел им одговорија: „Не е ваша работа да му градите со нас дом на нашиот Бог,+ туку ние сами ќе му градиме на Јехова, Богот на Израел, како што ни заповеда цар Кир,+ персискиот цар“.  Тогаш народот што беше во земјата* почна да го обесхрабрува+ народот на Јуда и да го одвраќа неговото срце од градењето.+  И изнајмуваа+ советници да им ја попречат намерата во сите денови на Кир, персискиот цар, и така беше сѐ додека не завладеа Дариј,+ персискиот цар.  А кога завладеа Ахасвер, во почетокот на неговото владеење, напишаа тужба+ против жителите на Јуда и на Ерусалим.  И во деновите на Артаксеркс, Вислам, Митредат, Тавеил и останатите нивни другари му пишаа на персискиот цар Артаксеркс. Текстот на писмото беше преведен на арамејски+ јазик и напишан со арамејско писмо.  Реум, главниот управител во царството, и Симсај, писарот, му го напишаа на цар Артаксеркс следново писмо против Ерусалим —  имено, Реум,+ главниот управител во царството, и Симсај, писарот, и останатите нивни другари, судиите, нижите управители од онаа страна на Реката,*+ писарите,+ луѓето од Ерех,+ Вавилонците,+ жителите на Суза,*+ односно Еламците,+ 10  и останатите народи,+ кои големиот и славен Асенафар*+ ги одведе во изгнанство и ги насели по градовите на Самарија,+ и останатите од онаа страна на Реката... Значи, 11  ова е препис од писмото што го испратија: „До царот Артаксеркс,+ твоите слуги, луѓето од онаа страна на Реката: И така, сега, 12  нека знае царот дека Евреите, кои од кај тебе стигнаа овде кај нас, дојдоа во Ерусалим. Тие го градат бунтовничкиот и зол град, ги обновуваат ѕидовите+ и ги поправаат темелите. 13  Нека знае царот: ако овој град повторно биде изграден и неговите ѕидови довршени, нема повеќе да плаќа ни данок,+ ни давачка,+ ни царина, па овој град ќе ѝ нанесува загуба на царската ризница.+ 14  А бидејќи примаме плата од дворецот,* не прилега да гледаме како му се нанесува срам на царот, и затоа го испраќаме ова писмо и му јавуваме на царот 15  дека треба да се истражат летописите+ на твоите предци. Во летописите ќе најдеш и ќе утврдиш дека овој град е бунтовнички град, дека им нанесува загуба на царевите и на покраините и дека во него се креваа бунтови од стари времиња. Токму затоа овој град беше опустошен.+ 16  Според тоа, го известуваме царот: ако овој град повторно биде изграден и неговите ѕидови довршени, тогаш повеќе нема да имаш свој дел од онаа страна на Реката“.+ 17  Царот им испрати одговор на Реум,+ главниот управител во царството, и на Симсај, писарот, и на останатите нивни другари,+ кои живееја во Самарија, и на преостанатите од онаа страна на Реката: „Мир да имате!+ Еве, 18  службениот спис што ни* го испративте беше јасно прочитан пред мене. 19  Затоа издадов наредба да се испита работата,+ и се утврди дека тој град од стари времиња се кревал против царевите и дека во него се кревале востанија и бунтови.+ 20  Моќни цареви+ царувале во Ерусалим и владееле над сѐ од онаа страна на Реката,+ и им се плаќало данок, давачка и царина.+ 21  Затоа сега, дајте наредба тие луѓе да престанат со работата, за да не го изградат повторно градот пред јас да наредам. 22  Кога го извршувате тоа, внимавајте да не направите некаков пропуст за да не се зголеми загубата, на штета на царевите“.+ 23  И штом преписот од службениот спис на цар Артаксеркс беше прочитан пред Реум,+ пред писарот Симсај+ и пред нивните другари,+ тие брзо отидоа во Ерусалим кај Евреите и со вооружена сила ги спречија да работат.+ 24  Тогаш беше прекината работата на Божјиот дом во Ерусалим, и остана прекината сѐ до втората година од владеењето на Дариј,+ персискиот цар.

Фусноти

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Односно Еуфрат.
Или: „Суса“.
Односно Асурбанипал.
Буквално: „Бидејќи ја јадеме солта од дворецот“.
Или: „ми“. Множината е употребена за да се нагласи величието.