Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 69

Напред со веста за Царството!

Напред со веста за Царството!

(2. Тимотеј 4:5)

  1. 1. Од љубов кон секој наш ближен

    кај луѓето одиме.

    Да слушнат за Божјето Царство

    од срце се трудиме.

    Учеството во таа служба

    претставува огромна чест.

    Со радост да вложиме сили

    да слушнат за добрата вест.

    (РЕФРЕН)

    Напред, храбро веста

    да ја шириме по сиот свет!

    Напред, остануваме

    на Божја страна покрај сѐ!

  2. 2. Чекориме истрајно напред

    со сили заеднички,

    без оглед на нашата надеж,

    и млади и постари.

    До сечии уши ќе допре

    за Царството добрата вест.

    Јехова е силата зад нас,

    ни помага храбри да сме!

    (РЕФРЕН)

    Напред, храбро веста

    да ја шириме по сиот свет!

    Напред, остануваме

    на Божја страна покрај сѐ!