Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Невронот зад окото на скакулецот

Невронот зад окото на скакулецот

СКАКУЛЦИТЕ мигрираат во роеви во кои може да има и по „80 милиони скакулци на квадратен километар“. И покрај тоа, тие не се судираат меѓу себе. Која е нивната тајна?

Размисли: Зад секое од двете сложени очи на скакулецот има посебен неврон кој препознава движења. Кога има опасност од судир, овие неврони испраќаат сигнали до крилјата и нозете, и скакулецот брзо реагира. Всушност, на скакулецот му треба петпати помалку време за да реагира отколку што нам ни е потребно за да трепнеме.

По модел на очите и невроните на скакулецот, научниците изработија компјутеризиран систем кој овозможува еден подвижен робот да забележува и да избегнува предмети што му наближуваат, и тоа без употреба на софистицирани радари или инфрацрвени детектори. Истражувачите ја употребуваат оваа технологија кај возилата за да може возачот да добие брзо и прецизно предупредување за можен судир. Тие се надеваат дека на овој начин ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи. „Од овој едноставен инсект можеме многу да научиме“, вели проф. Шиганг Је од Универзитетот „Линколн“ во САД.

Што мислиш? Дали невронот зад окото на скакулецот настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?