Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Советите и укорот го насочуваат детето исто како што кормиларот му дава правец на чамецот

ЗА РОДИТЕЛИ

6. Воспитување

6. Воспитување

ШТО ЗНАЧИ ТОА

Зборот воспитување може да укажува на давање водство и поучување. Понекогаш, тоа вклучува и да се искара детето поради неговото лошо однесување. Сепак, најчесто значи да му се всадат морални вредности на детето кои ќе му помогнат да постапува исправно.

ЗОШТО Е ВАЖНО

Во изминативе децении, многу родители станале попустливи со своите деца затоа што се плашат дека, доколку ги советуваат и ги караат, тоа ќе им ја намали самопочитта. Сепак, мудрите родители им поставуваат разумни правила на децата и ги учат да се држат за нив.

„На децата им се потребни граници за да пораснат во зрели личности. Доколку родителите не им поставуваат правила, децата ќе бидат како брод без кормило — кој на крај ќе скршне од курсот, па дури и ќе се преврти“ (Памела).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Биди доследен. Кажи му на детето кои ќе бидат последиците ако не ги почитува правилата. Доколку не е послушно, стој си на зборот и спроведи ја казната. Од друга страна, пофали го секогаш кога тоа е послушно.

„Често ги пофалувам моите деца за тоа што се послушни во ова време кога послушноста е толку ретка. Тоа им помага полесно да прифатат укор кога ќе направат нешто погрешно“ (Кристина).

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее (Галатите 6:7).

Биди разумен. Кога детето ќе направи нешто погрешно, земи ги предвид неговата возраст, способност и сериозноста на грешката. Казната ќе има најголем ефект кога е поврзана со грешката. На пример, ако детето ги прекршило твоите правила во врска со користењето на мобилниот телефон, би можел за одреден период да не му дозволиш да го користи или да одредиш кога и каде смее да го користи. Од друга страна, пак, немој да правиш голема работа од нешто ситно само затоа што те нервира.

„Се трудам да сфатам дали моето дете намерно било непослушно или само постапило непромислено. Има разлика меѓу тоа дали нешто е сериозна карактерна маана која треба да се искорени или грешка на која само треба да му се укаже“ (Вендел).

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Не огорчувајте ги своите деца, за да не станат малодушни (Колошаните 3:21).

Покажувај љубов. Децата многу полесно ќе го прифатат советот, па дури и укорот, кога гледаат дека родителите ги исправаат затоа што ги сакаат.

„Кога нашиот син ќе направеше нешто погрешно, го уверувавме дека се гордееме со него поради сите добри одлуки што ги донел претходно. Му кажувавме дека грешката нема да му го наруши угледот доколку ги направи потребните промени и дека ние сме тука за да му помогнеме“ (Даниел).

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Љубовта е долготрпелива и љубезна (1. Коринќаните 13:4).