Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дознај ги фактите

Дознај ги фактите

Коренот на проблемот

Предрасудите обично се темелат на неточни информации. Еве неколку примери:

  • Некои работодавци погрешно сметаат дека жените не се способни за работни места за кои е потребна поголема вештина, сила или интелигенција.

  • Во средниот век, Евреите во Европа биле лажно обвинети дека ги трујат бунарите и дека шират болести. Подоцна, за време на нацистичкиот режим, Евреите повторно биле оцрнети. Но, овој пат биле обвинети дека ја предизвикале економската криза во Германија. Ваквите гледишта довеле до тоа Евреите да станат жртви на екстремни предрасуди, а некои од тие предрасуди постојат и денес.

  • Мнозина имаат погрешно мислење дека луѓето со некаков хендикеп се секогаш потиштени или огорчени.

Луѓето кои веруваат во вакви заблуди можеби ќе посочуваат примери или наводни докази со кои ги поткрепуваат своите предрасуди. И сметаат дека секој што не се согласува со нив е неинформиран.

Библиско начело

„Не е добро душата да биде без знаење“ (ИЗРЕКИ 19:2).

Што учиме од ова? Без да ги знаеме фактите, ќе донесеме погрешни одлуки. Ако веруваме во заблуди, а не во факти, погрешно ќе ги проценуваме луѓето.

Како ќе ни помогне тоа што ќе ги дознаеме фактите

Кога ги знаеме фактите за другите, нема да веруваме во општоприфатените погрешни претпоставки за нив. А кога ќе сфатиме дека она што сме го слушале за одредена група луѓе не е вистина, тоа ќе ни помогне во иднина да не донесуваме избрзани заклучоци за другите.

Што можеш да направиш

  • Имај на ум дека стереотипите за одредена група луѓе не важат за сите поединци од таа група.

  • Биди свесен дека ја немаш целата слика за другите.

  • Потруди се да ги дознаеш фактите од веродостојни извори.