Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА МОЖЕ ДА ТИ БИДЕ ИНТЕРЕСНА!

Зошто да ја читаш Библијата?

Зошто да ја читаш Библијата?

„Мислев дека Библијата е тешка за разбирање“ (Џуви).

„Мислев дека ќе ми биде досадна“ (Квини).

„Кога видов колку е голема, изгубив желба да ја читам“ (Езекиел).

Дали некогаш си имал желба да ја прочиташ Библијата, но не си го направил тоа баш поради некоја од овие причини? За многумина, читањето на Библијата е голем потфат. Но, што ако дознаеш дека таа може да ти го направи животот посреќен? Или, што ако има начин читањето да ти биде поинтересно? Дали тогаш би бил поспремен да чуеш што има да ти каже оваа книга?

Да видиме што рекле некои на кои им користело тоа што почнале да ја читаат Библијата.

Езекиел, кој има 20-ина години, вели: „Порано немав никаква цел во животот — имав чувство како да возам кола без да знам каде сакам да стигнам. Но, откако почнав да ја читам Библијата, мојот живот доби смисла. Советите од неа ми помагаат секој ден“.

Фрида, која исто така е во 20-тите години, објаснува: „Порано лесно избувнував. Но, откако почнав да ја читам Библијата, научив да се контролирам. Тоа ми помогна полесно да се разбирам со луѓето, па затоа сега имам повеќе пријатели“.

Јунис, која е во 50-тите години, вели: „Библијата ми помага да станувам подобра личност, да ги менувам навиките со кои баш и не се гордеам“.

Овие читатели, како и милиони други, сфатиле дека читањето на Библијата може да го направи животот поубав (Исаија 48:17, 18). Меѓу другото, тоа може да ти помогне 1) да носиш мудри одлуки, 2) да стекнеш вистински пријатели, 3) да се справиш со стресот, и 4) што е најважно, да ја дознаеш вистината за Бог. Советите од Библијата доаѓаат од Бог, и сигурно нема да згрешиш ако ги послушаш. Бог никогаш не дава погрешен совет.

Најважно е да почнеш да читаш. Да видиме неколку предлози што може да ти помогнат полесно да почнеш да ја читаш Библијата и да уживаш во тоа.