Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Земјата ќе го даде својот род, ќе нѐ благослови Бог, нашиот Бог“ (ПСАЛМ 67:6).

И ти можеш засекогаш да уживаш во благословите од нашиот Творец

И ти можеш засекогаш да уживаш во благословите од нашиот Творец

Бог му ветил на пророкот Авраам дека еден од неговите потомци ќе им донесе благослови на „сите народи на земјата“ (1. Мојсеева 22:18). Кој бил тој потомок?

Пред речиси 2.000 години, Бог му дал на Исус, кој бил потомок на Авраам, моќ да прави извонредни чуда. Овие чуда покажале дека ветувањето што му било дадено на Авраам — дека ќе се благословат сите народи — ќе се исполни преку Исус (Галатите 3:14).

Чудата што ги направил Исус им помогнале на другите да сфатат дека тој е оној што Бог го избрал за да го благослови човештвото. Исто така, тие покажале како Бог ќе го користи Исус за да им донесе вечни благослови на луѓето. Забележи како чудата на Исус ни откриваат некои од неговите убави особини.

Обѕирност — Исус лекувал болни.

Во една прилика, еден лепрозен човек го молел Исус да го излекува. Исус го допрел и му рекол: „Сакам, исчисти се“. Во истиот момент, лепрата исчезнала (Марко 1:40-42).

Великодушност — Исус хранел гладни.

Исус не сакал луѓето да гладуваат. Во најмалку две прилики, тој со чудо нахранил илјадници луѓе со само неколку леба и со неколку риби (Матеј 14:17-21; 15:32-38). Откако сите јаделе и се наситиле, останало уште многу храна.

Сочувство — Исус воскреснувал мртви.

Еднаш, Исус здогледал една вдовица која тагувала поради смртта на својот син. Таа немала никој друг кој би се грижел за неа. Поттикнат од сочувство, Исус ѝ го воскреснал синот (Лука 7:12-15).