Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да веруваме во Бог што можеби не го познаваме

Да веруваме во Бог што можеби не го познаваме

Да веруваме во Бог што можеби не го познаваме

ДВАЈЦА од тројца луѓе во Германија веруваат во Бог. Сепак, кога повеќе од илјада биле замолени да го опишат Богот во кој веруваат, речиси сите одговориле различно. „Германците си имаат сопствени претстави за Бог што се разликуваат колку што се разликуваат и луѓето“, известува списанието FOCUS. Иако верувањето во Бог е за пофалба, зарем не е штета да веруваме во него без да знаеме каков е тој?

Оваа несигурност во врска со природата или личноста на Бог може да се најде и надвор од границите на Германија; ја има насекаде во Европа. Една анкета спроведена во Австрија, Британија и Холандија откри една распространета согласност во мислењата дека Бог е „виша сила или некоја необјаснива тајна“. Тој претставува мистерија, особено за младите луѓе, дури и за оние што веруваат во него.

Го познаваш ли Бог лично?

Има огромна разлика во тоа да знаеш за некого и да го познаваш лично. Да знаеш за некого — некој далечен монарх, врвен спортист, филмска ѕвезда — едноставно значи да бидеш свесен дека тој постои. Меѓутоа, да познаваш некого лично значи многу повеќе. Тоа вклучува да го знаеш карактерот на таа личност, нејзиното однесување, чувства, што сака а што не, како и нејзините планови за иднината. Да познаваш некого лично дава прилика да имаш близок однос со него.

Стотици илјади поединци заклучиле дека не е доволно да се има само некаква нејасна замисла за Бог — или едноставно да знаеш за него. Тие прават многу повеќе со тоа што поблиску го запознаваат Бог. Сметаат ли дека вреди да се направи тоа? Еден човек по име Паул, кој живее во северна Германија и кој некогаш имал некаква верба во Бог, решил подобро да го запознае Бог лично. Паул објаснува: „За да се запознае Бог добро, треба време и напор, но користите се големи. Блискиот однос со Бог го прави секојдневниот живот многу подобар“.

Дали вреди да се вложат времето и напорот што се потребни за да го запознаеш Бог поблиску? Те молиме, прочитај ја наредната статија.

[Истакната мисла на страница 3]

Има огромна разлика во тоа да знаеш за некого и да го познаваш лично