Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Колку е раширена корупцијата?

Колку е раширена корупцијата?

„Нашата фирма извршува услуги за една владина установа. Често мораме да чекаме два до три месеца за да ни бидат платени услугите. Но, неодамна ми се јави еден владин службеник. Рече дека ќе ја забрза исплатата — под услов да му дадеме процент од парите“ (ЏОН) *

ДАЛИ некогаш си бил жртва на корупција? Можеби не на истиот начин што е спомнат, но речиси сигурно си ги почувствувал на своја кожа последиците од поткупувањето.

Според Индексот на перцепција на корупцијата * за 2011 год. што го изготви Транспаренси Интернешнл (ТИ), „повеќето од 183-те земји и територии вклучени во анкетата се под петтото место на скалата од 0 (многу корумпирано) до 10 (многу чисто)“. Две години претходно, ТИ објави дека, според годишниот извештај за 2009 год., корупцијата е сѐ пораширена појава и „јасно е дека нема место во светот што е имуно на штетното влијание на корупцијата“.

„Корупцијата е злоупотреба на власта за лична добивка. Го повредува секого чиј живот, заработувачка или среќа зависат од чесноста на луѓето што се на власт“ (ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШНЛ)

Во некои случаи, последиците од корупцијата можат да бидат катастрофални. На пример, во еден напис во списанието Time беше кажано дека „корупцијата и небрежноста“ се барем делумно виновни за големиот број жртви во катастрофалниот земјотрес што го погоди Хаити во 2010 год. Понатаму, во него пишуваше: „Се креваат згради со мал или никаков надзор од страна на инженери, како и со многу подмитувања на таканаречените владини инспектори“.

Можно ли е да се најде трајно решение во борбата против корупцијата? За да одговориме на ова прашање, треба да сфатиме кои се основните причини за корупција. Тоа ќе го разгледаме во следната статија.

^ пас. 2 Името е сменето.

^ пас. 4 „Индексот на перцепција на корупцијата ги рангира државите според степенот на корупција во јавниот сектор“ (Транспаренси Интернешнл).