Префрли се на текстот

Може ли Бог да ми помогне ако имам депресија?

Може ли Бог да ми помогне ако имам депресија?

Што вели Библијата:

 Да, може. Затоа што тој е „Бог, кој ги теши потиштените“ (2. Коринќаните 7:6).

Како Бог им помага на депримираните

  •   Им дава сила. Бог ќе те утеши, не со тоа што ќе ти ги реши сите проблеми, туку со тоа што ќе одговори на твоите молитви и ќе ти даде сила да издржиш (Филипјаните 4:13). Можеш да бидеш сигурен дека Бог спремно ги слуша твоите молитви бидејќи во Библијата пишува: „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Псалм 34:18). Всушност, Бог ќе те слушне дури и кога не можеш да најдеш зборови за да ги искажеш своите чувства (Римјаните 8:26, 27).

  •   Не ги осудува. Еден библиски писател во молитва му ги кажал следниве зборови на Бог: „Во голем очај те повикувам, о Јехова!“ Тоа што бил свесен дека Бог не ни наметнува чувство на вина му помогнало на овој човек да се избори со депресијата. Затоа, му рекол на Бог: „Ако гледаш на престапите, о Јах, о Јехова, кој ќе опстане? Зашто, во тебе е вистинското простување, за да се бојат од тебе“ (Псалм 130:1, 3, 4).

  •   Им дава надеж. Освен што уште денес ни дава утеха, Бог ни ветил дека ќе ги отстрани сите проблеми од кои можеме да паднеме во депресија. Кога ќе го исполни ова ветување, ,она што било порано [вклучувајќи ја и депресијата] нема да доаѓа во сеќавање, ниту ќе се јавува во срцето‘ (Исаија 65:17).

 Забелешка: Иако се свесни дека Бог на разни начини им помага на луѓето, Јеховините сведоци бараат и медицинска помош кога станува збор за некои болести, како што е клиничката депресија (Марко 2:17). Меѓутоа, ние не се залагаме за некој посебен начин на лекување. Сметаме дека секој лично треба да одлучи како ќе се лекува.