Префрли се на текстот

Дали Бог е безлична сила?

Дали Бог е безлична сила?

Што вели Библијата:

 Бог има бескрајна сила со која го одржува постоењето на сѐ во вселената. Во врска со начинот на кој ги создал милијардите ѕвезди, во Библијата пишува: „Подигнете ги очите угоре и гледајте! Кој го создал тоа? Оној што ја изведува нивната војска според нивниот број и ги вика сите по име. Поради неговата [Божјата] голема моќ и неговата огромна сила не изостанува ниту едно“ (Исаија 40:25, 26).

 Сепак, Бог е многу повеќе отколку само една огромна сила. Библијата покажува дека тој има чувства, како што се љубовта и омразата (Псалм 11:5; Јован 3:16). Исто така, таа открива дека постапките на луѓето можат да влијаат врз тоа како се чувствува Бог (Псалм 78:40, 41).