Префрли се на текстот

Зошто да се молиме во името на Исус?

Зошто да се молиме во името на Исус?

Што вели Библијата:

 Бог ќе ги чуе нашите молитви само ако му ги упатуваме во името на Исус. Самиот Исус рекол: „Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Исто така, тој им рекол на своите верни апостоли: „Вистина, ви велам, што и да побарате од Таткото, ќе ви даде во мое име“ (Јован 16:23).

Други причини зошто да се молиме во името на Исус:

  •   со тоа им оддаваме чест на Исус и на неговиот Татко, Јехова Бог (Филипјаните 2:9-11)

  •   со тоа покажуваме благодарност за тоа што Бог го испратил Исус да умре за да нѐ спаси (Матеј 20:28; Дела 4:12)

  •   со тоа ја признаваме Исусовата улога како Посредник меѓу Бог и луѓето (Евреите 7:25)

  •   со тоа покажуваме ценење за Исусовата служба како Првосвештеник кој може да ни помогне да бидеме во мир со Бог (Евреите 4:14-16)