Префрли се на текстот

Што вели Библијата за давањето?

Што вели Библијата за давањето?

Што вели Библијата?

 Библијата нѐ охрабрува да даваме доброволно, од срце и со исправни мотиви. Таа покажува дека таквото давање го усреќува и оној што дава и оној што прима (Изреки 11:25; Лука 6:38). Исус рекол: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35).

 Кога Бог се радува на нашето давање?

 Бог се радува кога даваме доброволно и од срце. Библијата вели: „Секој нека направи како што одлучил во своето срце, не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“ (2. Коринќаните 9:7).

 Давањето кое е поттикнато од исправни мотиви е обележје на религијата што Бог ја одобрува (Јаков 1:27, фуснота). Кога некој великодушно им помага на оние што имаат потреба, му угодува на Бог. Бог гледа на таквото давање како на заем што му се дава нему лично (Изреки 19:17). Библијата вели дека тој ќе го награди таквиот човек (Лука 14:12-14).

 Кога Бог не е задоволен со нашето давање?

 Ако даваме од неисправни, себични мотиви, како на пример:

 Ако она што го даваме е наменето за нешто кое Бог го осудува. На пример, би било погрешно да даваме пари на човек што ќе ги прокоцка или ќе ги потроши на дрога или алкохол (1. Коринќаните 6:9, 10; 2. Коринќаните 7:1). Освен тоа, не е во ред да даваме на оние што можат сами да се издржуваат, но не сакаат да работат (2. Солуњаните 3:10).

 Ако даваме на други, и поради тоа нашето семејство мора да трпи. Библијата вели дека главата на семејството мора да се грижи за потребите на домашните (1. Тимотеј 5:8). Не би било во ред да им дава толку многу на другите што ќе нема доволно за неговото семејство. Самиот Исус ги осудил оние што не сакале да се грижат за своите остарени родители под изговор дека сѐ што имаат е „одредено како дар за Бог“ (Марко 7:9-13).