Префрли се на текстот

Одлучивме да си го поедноставиме животот

Одлучивме да си го поедноставиме животот

 Мадијан и Марсела живееле во Медељин (Колумбија) и воделе удобен живот. Мадијан добро заработувал и тоа им овозможило да живеат во убав стан. Но, нешто ги навело да се преиспитаат што им е најважно во животот како слуги на Јехова Бог. Што било тоа? Тие велат: „Во 2006 год., присуствувавме на посебниот собир со тема ’Задржи едноставно око‘. Во повеќето говори беше истакнато дека е важно да си го поедноставиме животот за да можеме да му служиме на Бог во поголема мера. На крајот од програмата, сфативме дека ние го правевме токму спротивното. Постојано купувавме нешто и имавме огромен долг“.

 Благодарение на говорите што ги слушнале на собирот, Мадијан и Марсела одлучиле да си го поедностават својот живот. Тие велат: „Почнавме да трошиме помалку пари. Се преселивме во помал стан, го продадовме нашиот автомобил и си купивме мотор“. Освен тоа, престанеле да одат во трговски центри за да не се доведат во искушение да купуваат непотребни работи. Почнале да поминуваат повеќе време во службата на проповедање. Исто така, се дружеле со браќа и сестри кои ревносно му служеле на Јехова Бог како специјални пионери. a

 По кратко време, Мадијан и Марсела одлучиле да прават повеќе во службата на проповедање и се преселиле на едно селско подрачје за да му помагаат на тамошното собрание. За таа цел, Мадијан дал отказ на работното место. Неговата шефица сметала дека тоа е лудост. За да ѝ помогне да сфати зошто донел таква одлука, тој ја прашал: „Вие заработувате многу пари, но дали тоа Ве прави среќна?“ Таа признала дека не е среќна затоа што има многу проблеми кои не знае како да ги реши. Тогаш, Мадијан ѝ рекол: „Значи, во животот не е најважно колку пари заработуваме, туку да дознаеме што нѐ прави вистински среќни. Јас и мојата сопруга сме среќни кога ги поучуваме луѓето за Бог. Но, сакаме да бидеме уште посреќни така што ќе посветиме уште повеќе време на тоа“.

 Мадијан и Марсела се увериле дека исполнувањето на духовните цели носи вистинско задоволство и среќа. Изминатите 13 години, тие им помагале на разни собранија во Северозападна Колумбија каде што имало потреба, а сега служат како специјални пионери.

a Специјални пионери се Јеховини сведоци кои служат полновремено во места во кои ги испраќа локалната подружница за да ја проповедаат добрата вест. Тие добиваат скромен надомест за основните животни потреби.