Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Билки — скапоцен извор на лекови

Билки — скапоцен извор на лекови

Билки — скапоцен извор на лекови

Стручњаците проценуваат дека една четвртина од сите современи фармацевтски производи што ги користат луѓето започнале — целосно или делумно — како хемиски материи што можат да се најдат во растенијата. Оние што се залагаат за различни билни лекарства честопати го наведуваат овој податок.

Поголемиот дел од истражувањата на лековитите билки оди во правец на издвојување на активните состојки. Најголем пример за една таква состојка е аспиринот, кој се добива од салицинот што се наоѓа во кората на белата врба.

Штом се издвојат, активните состојки што се наоѓаат во некоја билка можат да се дадат во доволна и во попрецизна доза. Во едно стручно дело стои: „Да се земе толку кора од врба колку што е потребно за да се постигне ефектот на аспирин, или да се земе толку црвен напрсток колку што е потребно за да се постигнат целосните животоспасувачки ефекти на дигиталис е многу полесно да се постигне со таблета отколку да се зема кора од врба или црвен напрсток како храна“.

Од друга страна, пак, издвојувањето на активната состојка од некоја лековита билка може да има и недостатоци. Како прво, со тоа би можеле да се изгубат сите други хранливи и можни лековити својства на другите супстанции што ги содржи растението. И друго, некои од организмите што предизвикуваат болести станале отпорни на лековите против нив.

Кининот, супстанција што се добива од кората на дрвото цинхона, е одличен пример за недостатоците на издвојувањето на активната состојка од некоја лековита билка. Иако кининот убива голем дел од паразитите што предизвикуваат маларија, оние паразити што не ги убива стануваат сѐ побројни додека другите паразити умираат. Во едно дело е објаснето: „Ваквата отпорност стана голема причина за загриженост во медицината“.

[Слики на страница 31]

Аспиринот се добива од белата врба

[Извор на слика]

USDA⁠-​NRCS PLANTS Database/Herman, D.E. et al. 1996. Прирачник за дрвјата во Северна Дакота

[Слика на страница 31]

Цинхона, од која се добива кинин

[Извор на слика]

Со љубезна дозвола на Satoru Yoshimoto