Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Библиската вистина ги ослободила

Библиската вистина ги ослободила

Библиската вистина ги ослободила

НА ЕДНА група луѓе, Исус Христос им рекол: „Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32). Како што покажуваат следниве примери, вистината нѐ ослободува и од демоните, лажливците и измамниците што стојат зад окултното (Јован 8:44).

Секое од овие искуства истакнува дека библиската вистина има голема моќ да нѐ ослободи. Да, само таа вистински ги ослободува луѓето. Би можел и самиот да провериш што кажува Библијата. Нема да се разочараш.

[Рамка/слика на страница 8]

На сликите се прикажани одглумени сцени

Сузана, која е од Бразил, била свештеничка. Таа сакала да ги користи своите натприродни способности за да им помага на луѓето. Освен тоа, ѝ било убаво што може да „зборува со својата покојна мајка“. Но, по некое време, „мајка ѝ“ почнала да ја тера да се самоубие за да бидат заедно во духовниот свет. Ова ја измачувало Сузана и ѝ создавало кошмари. Потоа, таа и маж ѝ почнале да ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци. Не било лесно ‚да му се спротивстават на Ѓаволот‘, но на крајот тој ‚побегнал од нив‘ (Јаков 4:7). Сега демоните не ги мачат, а Сузана повеќе нема кошмари. „Има многу работи за кои сум му благодарна на Јехова“, вели таа, „но најблагодарна сум му што нѐ избави од духовната темнина.“

[Рамка/слика на страница 8]

Тимоти, од Западна Африка, е глувонем. * Бидејќи лекарите не можеле да му помогнат, почнал да оди по исцелители, но попусто. „Крајно се разочарав од нивните измами“, вели тој. Потоа почнал да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци, кои му објасниле дека Бог има намера да ја отстрани секоја болест и хендикеп. Тимоти вели: „Со душа го чекам денот кога во Божјиот нов свет ‚ќе им се отнат ушите на глувите... а јазикот на немиот радосно ќе извикува‘“ (Исаија 35:1-6). Но, додека да дојде тој ден, Тимоти со задоволство користи пренослив DVD-плеер за да им ја кажува библиската вистина на луѓето со оштетен слух и за да им помогне да најдат вистинска слобода.

[Фуснота]

^ пас. 8 Некои имиња се сменети.

[Рамка/слика на страница 9]

Евелин, од Естонија, била длабоко вплеткана во окултизмот. Бидејќи Исус лекувал, и таа сакала да го прави истото. Најмногу сакала да ѝ помогне на мајка си, која била хронично болна. Затоа, научила да користи висок за да открива и да лекува тешки болести. По некое време, почнала да ја проучува Библијата. Каков бил резултатот? „Сфатив во колкава заблуда сум живеела“, вели таа. „Затоа, ја запалив сета спиритистичка литература што ја имав и сите висоци.“ Сега таа им ги пренесува на луѓето библиските вистини кои донесуваат слобода.

[Рамка/слика на страница 9]

Мери пораснала на еден од островите што се дел од Папуа Нова Гвинеја, каде што луѓето се плашат од мртвите. Кога ќе умрел некој во селото, Мери спиела под нечиј кревет, затоа што се плашела дека, ако е сама, духот на починатиот ќе ѝ направи нешто лошо. Потоа дознала од Библијата дека мртвите се во состојба слична на сон — дека се во гробот и чекаат да воскреснат во рајот на Земјата (Лука 23:43; Јован 11:11-14). Сега таа повеќе не се плаши од мртвите.

[Рамка/слика на страница 9]

Алисија, од САД, израснала со родители кои се Јеховини сведоци, но се заинтересирала за окултни книги и филмови. По некое време почнала сериозно да размислува за библиските вистини што ги научила како помала. Кога сфатила дека, всушност, се обидува ‚да јаде од трпезата на Јехова и од трпезата на демоните‘, направила промени и сега има чиста совест пред Бог (1. Коринќаните 10:21).