Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Камшичето кај бактериите

Камшичето кај бактериите

Случајно или создадено?

Камшичето кај бактериите

● Дури и кога ќе се погледне под силен микроскоп, изгледа ситно и безначајно. Некои го споредуваат со моќен мотор на чамец. За што станува збор? За камшичето кај бактериите.

Постојат најразлични камшичиња, но камшичето кај бактериите е можеби најпроучувано од сите нив. Тоа ротира прицврстено за клеточниот ѕид на бактеријата овозможувајќи му на микроорганизмот да се движи напред, да застане, да се врати назад или да го смени правецот. Се проценува дека половина од сите познати бактерии имаат некакви камшичести израстоци.

Во ДНК на бактериите или на микроорганизмите се наоѓа „нацртот“ на камшичето и на неговиот погон за движење. Целиот склоп се состои од околу 40 протеини кои можат да се споредат со делови на мотор. Неверојатно е тоа што овие делови се склопуваат сами, и тоа за само 20 минути!

Во публикацијата Спорот околу еволуцијата (The Evolution Controversy) стои: „Камшичето кај бактериите има ротационен мотор кој се врти од 6.000 до 17.000 пати во минута. Што е уште поинтересно, камшичето може многу брзо да го смени правецот во кој врти. Всушност, доволно му е четвртина од еден цел вртеж за да застане и потоа да почне да врти во обратна насока, и тоа повторно со брзина од 17.000 пати во минута“. Според списанието New Scientist, камшичето кај бактериите е „одличен пример за комплексен молекуларен систем — сложена наномашина што не може да ја направи ниеден човек“.

Научниците ги збунува фактот дека ситното камшиче кај бактериите се склопува само и тоа по соодветен редослед кој овозможува сите 40 делови исправно да се вклопат еден во друг и да функционираат.

Што мислиш? Дали камшичето кај бактериите настанало случајно или е дело на мудар Творец?

[Графикон/слика на страница 24]

(Види во публикацијата)

Ротор

Лежиште

Зглопче

Пропелер

Камшиче

[Слика]

Бактерија (зголемена слика)

[Извори на слики]

Бактерија: © Scientifica/Visuals Unlimited, Inc.; дијаграм на камшиче: Слика добиена со љубезна дозвола на www.arn.org