Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Им била мила и на Бог и на пријателките

Им била мила и на Бог и на пријателките

Поучете ги своите деца

Им била мила и на Бог и на пријателките

НИКОЈ не знае како се викала. Ја знаеме само според името на нејзиниот татко, Јефтај. Да ја отвориме Библијата и да научиме нешто за нив. Ќе дознаеме дека ќерката на Јефтај им била мила и на Бог и на пријателките.

Нешто повеќе за Јефтај и неговата ќерка можеш да прочиташ во 11. поглавје од библиската книга Судии. Бидејќи Јефтај бил верен слуга на Бог, без сомнение често разговарал со својата ќерка за Светото писмо.

Јефтај живеел пред времето кога Божјиот народ, Израел, побарал човек за цар. Тој бил силен маж и голем јунак. Затоа, Израелците му рекле да ги поведе во борба против Амонците, соседен народ што војувал со нив.

Јефтај сакал Бог да му помогне да ги порази Амонците, па затоа му ветил нешто. Рекол дека, ако Јехова му овозможи победа, тој ќе му го даде оној што прв ќе му излезе во пресрет кога ќе се врати дома. Таа личност требало да служи до крајот на животот во Божјиот свет шатор — местото каде што тогаш луѓето го обожавале Бог. Знаеш ли кој излегол прв? *

Да, прва излегла ќерка му на Јефтај! Тој многу се растажил, бидејќи таа му била единственото дете. Но, морал да го исполни она што му го ветил на Јехова. Ќерка му веднаш рекла: „Татко мој, ако си му се заветувал на Јехова, постапи со мене според својот завет“. Потоа го замолила да ја пушти два месеца да отиде во планините за да се исплаче. Зошто тагувала? Бидејќи, со тоа што ќе го исполнела заветот кој го дал татко ѝ, немало да може да се омажи и да има деца. Сепак, таа не мислела дека нејзините желби се најважни. Сакала да го послуша татко ѝ и да му биде верна на Јехова. Мислиш ли дека Јехова и татко ѝ биле задоволни?

Така, Јефтај ја пуштил ќерка си два месеца со другарките. Кога се вратила, татко ѝ го исполнил својот завет и ја испратил во Божјиот свет шатор во Сило, каде што останала до крајот на животот. Секоја година младите Израелки оделе во Сило за да ја пофалат ќерката на Јефтај.

Познаваш ли некои млади што им се послушни на родителите и што го сакаат Јехова?— Ќе биде убаво да ги запознаеш тие деца и да се дружиш со нив. Ако го следиш примерот на ќерката на Јефтај и ако бидеш послушен и верен, ќе имаш добри пријатели. Ќе ги израдуваш своите родители, а ќе му бидеш многу мил и на Јехова.

Прочитај во Библијата

5. Мојсеева 6:4-6

Судиите 11:30-40

1. Коринќаните 7:37, 38

[Фуснота]

^ пас. 6 Ако читаш со деца долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.