Префрли се на текстот

Дали Исус е Семоќен Бог?

Дали Исус е Семоќен Бог?

Што вели Библијата:

 Противниците на Исус го обвиниле дека се прави рамен на Бог (Јован 5:18; 10:30-33). Меѓутоа, Исус никогаш не тврдел дека е еднаков со Семоќниот Бог. Тој рекол: „Таткото е поголем од мене“ (Јован 14:28).

 Првите следбеници на Исус не го сметале за Семоќен Бог. На пример, апостол Павле напишал дека по воскресението на Исус, Бог ,го возвишил [Исус] и му подарил име кое е над секое друго име‘. Очигледно, Павле не верувал дека Исус бил Семоќен Бог. Кога би било така, зар Бог би можел да го постави Исус на повисока положба? (Филипјаните 2:9).